Det_Logo_220_shadow

Целосна грижа за Вашите деца

Нашата задача е да обезбедиме целосна грижа за Вашите деца, соодвeтно воспитание и образование во нивната предучилишна возраст. Тоа го постигнуваме со одлични услови за престој, згрижување, соодветна нега, здрава исхрана, преземање на сите потребни воспитно – образовни, спортско – рекреативни и културно – забавни активности. Сето тоа се надополнува со посебни мерки и активности за подобрување и зачувување на здравјето на децата, со поттикнување на интелектуален, емоционален, физички, ментален и социјален развој на детето во предучилишна возраст.

За градинката

Детската градинка "Детелинка" е основана од Советот на Општина Крива Паланка со Решение бр.08-4850 од 07.12.1972 година со кое е дадена согласност за работа.

Детската градинка има својство на правно лице и се запишува во Централен Регистар. 

Скратен назив на Градинката е: ОЈУДГ "Детелинка" Крива Паланка.

Главна приходна шифра (шифра на дејност) на Градинката е 88.91 - дејности на дневна социјална заштита на деца

8
3

Објекти

Општинската јавна установа за деца, детската градинка "Детелинка" Крива Паланка располага со четири објекти. 


Tри објекти се наоѓаат во Општина Крива Паланка и една група во други просторни услови во Општина Ранковце. Во градинката се згрижени 320 деца распоредени во 16 групи од кои 6 групи во полудневен престој, 2 групи во целодневен престој, 5 групи градинка, 1 комбинирана група и 2 групи јасли. Проектираниот капацитет на градинаката е 340 деца.


Објектите на градинката се следните:

Објект 1 "Пролетна Роса на ул.Св.Јоаким Осоговски бр.51 - централен објект

Објект 2 "Поточиња" на ул.Илинденска бр.89

Објект 3 "Виножито" на ул.Партизанска бб и

Објект 4 во Општина Ранковце

Галерија

2

Преден дел

Градинката располага со влез од горната страна и пристап за снабдување.

5

Заден дел

Задниот влез се наоѓа од страната на реката Крива, со големо детско игралиште од страната

6

Детско игралиште

Детското игралиште зафаќа голем надворешен простор и располага со повеќе играчки.

Scroll to Top